РЕСТОРАН ЛАТАНА СКОПЈЕ

Тимот на Мембранинг ја изработи мебранската конструкција на комплексот на ресторанот “Латана”, Скопје. 

Архитектурата на комплексот на ресторанот “Латана” е конципирана во исто време независно да се случуваат мали и големи настани во двете мембрански конструкции.

Конструкцијата на двојната мембранска конструкција се состои од два централни столбови, просторни челични решетки врз кои е прицврстена мембраната и истата е истотака фиксирана по контурите на ресторанот, за просторните челични решетки и столбови кои се фиксирани на темелната бетонска конструкција.

Конструкцијата на единечната мембранска конструкција испроектирана и изведена на истиот принцип како двојната мембранска конструкција.

Тимот на Мембранинг со проектот и изведбата на различни типови на мембрани кои функционални и естетски се вклопуваат во архитектонтскиот концепт на комплексот на ресторанот “Латана” уште еднаш ги презентираше можностите на мембранските конструкции.