Glamour Garden / Гламур Гарден

Архитектурата на мембранската конструкција, за  ресторанот “Glamour Garden” како дел од комплексот на ресторанот “Glamour”, e конципирана како лесна мембранска конструкција со само еден столб кој покрива површина од 181м2. Главниот предизвик во проектирањето на мембранската конструкција се состоеше во тоа да самата мембрана се постави и се прилагоди во постоечката инфрастуктура на зелената површина и постоечките дрва во летната градина на “Glamur Garden” и со тоа да се добие максимална искористеност и функционалност на просторот.

Влезната партија е означена со челичен просторен лак, а задниот дел и врската со објектот е направена со рамнински челичен лак со постоечката настрешница на објектот.

Конструкцијата на конусната мембранска конструкција се состои од еден централен столб кој претставува просторна челична решетка и периферна ободна челична носечка греда која е заварена за челичните столбови, со конструктивен систем како рамнински и просторни решетки. Централните столбови се урамнотежени  со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција. Лачната челична конструкција на влезот е просторен челичен лак кој се ослонува на просторни решетки, а задниот рамнински челичен лак се ослонува на рамнинските челични решетки. Сите врски на конструкцијата се заварени.

Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на мембранската конструкција на ресторанот “Glamour Garden” ja изведи уникатната единечна мембранска конструкција во Македонија, со што уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.