Мембрана “Стаклена зграда”
865
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-865,bridge-core-1.0.6,cookies-not-set,qode-news-2.0.2,qode-quick-links-2.0,ajax_fade,page_not_loaded,,vertical_menu_enabled,qode_grid_1300,side_area_uncovered_from_content,qode-theme-ver-18.2,qode-theme-bridge,disabled_footer_top,disabled_footer_bottom,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.5,vc_responsive

Мембрана “Стаклена зграда”

Краток опис на проектот

 

Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на мембранската конструкција на платото на Трговскиот центар “Стаклена зграда” ja изведи двојната конусна мембранска конструкција со инсталирање на посебен материла Тип 3 – 1200гр/м2, со што уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.

Постоечката мембранска к-ја на локацијата на платото на Стаклената зграда во Битола беше монтирана во 90те години и истата претставуваше павиљонско решение со 4 конуси со ободна кабловска конструкција со високи и ниски точки.

Проектирањето на новопроектирана мембранска конструкција претставуваше предизвик да се испроектира архитектонтско решение кое ќе биде препознатливо со ободната крива која ќе ја потенцира страничната контура на мембранската к-ја и брановидната форма на двојната конусна мембрана. Ободната конструкција е подигната на ниво 2.25м од нултото ниво и со тоа е добиена маскимална транспарентност према плоштадот “Магнолија”. Постигната е и максимална искористеност и функционалност на просторот , но и во исто време е исполнета проектната задача мембранската конструкција да биде во функција на објекот Трговски центар “Стаклена Зграда”.

Конструкцијата на двојната конусна мембранска конструкција се состои од два централни цевасти столбови и периферна челична крива ободна греда која е ослонета на конзолните носачи од периферните столбови. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и краевите на ободната конструкција.

 

Локација: Битола, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 100 луѓе
Година на изведба: 2019 година

Покриена површина (м2): 150m2
Максимална висина(м): 6.10м
Должина(м): 10м
Ширина(м): 13м
Тип на основна форма: Двојна Конусна форма (Double conical form)

Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Тип 3, Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз.
Тежина(гр/м2): 1200 гр/м2

Date
Category
Изведени проекти