МЕМБРАНА, GLASS HALL, СТРУМИЦА

Дизајн на тројна конусна мембранска конструкција со три носечки столба.

Архитектурата на мембранската конструкција, како дел од мултифункционалниот комплекс, e конципирана како лесна мембранска конструкција со само три столба се покрива површина од 912м2, со што се добива максимална искористеност и функционалност на просторот.

          Висината на ободната конструкција е поставена на 4.0м, со што дополнително се потенцира отвореноста на објектот, транспарентноста и зголемената светлина на целиот функционален простор.

Конструкцијата на тројната конусна мембранска конструкција се состои од три централни столбови , со висина 16,15м,15м,  претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која е фиксирана за армиранобетонската рамовска конструкција. Централните столбови се урамнотежени  со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција.

Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на тројната конусна мембранска конструкција од 912м2, уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.