РЕСТОРАН GOLDEN КИЧЕВО

Тимот на Мембранинг го изработи уникатниот дизајн и изведба на двојна конусна мембранска конструкција на кров.

Архитектурата на мембранската конструкција, e конципирана како лесна мембранска кровна конструкција со два столба.

Мембраната ја покрива кровната површина од 500м2, со што се добива визуелен ефект на лебдечка мембрана и во исто време се постигнува максимална искористеност и функционалност на просторот.

Висината на ободната челична конструкција е поставена на 3.0м и истата е поставена од внатрешната страна на фасадните ѕидови, со што визуелно се постигнува челичната конструкција да не е видлива од надворешна страна.

Конструкцијата на двојната конусна мембранска конструкција се состои од две централни столбови , со висина 12м,13м,  претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која е фиксирана за челична рамовска конструкција. Централните столбови се фиксирани за бетонските столбови од приземјето и се урамнотежени  со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција. Периферните столбови се фиксирани со механички анкери за армирано бетонските греди на бетонската плоча на првото ниво.

Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на првата мембранска конструкција на кров на постоечки објект, уште еднаш ги потврди можностите за архитектонтски нови решенија и во исто време ја потврди статичката отпорност примарните надворешни влијанија како ветерот и снегот.