МЕМБРАНА – “AIRPORT CITY”, БЕЛГРАД, 2017

Павилјонската мембрана која е позиционирана комплексот “Airport City” дефинира еден отворен простор помеѓу објектите. Централно на мембраната има отвор кој се наоѓа над постоечката фонтана.

Брановидната форма, е дизајнирана како модифициран модел на мембрана со високи и ниски точки која е дeфинирана со челичните кружни решетки и челичните затеги-сајли кои заедно го создаваат еквилибриумот на сили на ослонувањата на мембраната и со тоа го дефинираат просторниот модел на мембранската конструкција. Високите точки се фиксирани на објектите, додека ниските плочки се фиксирани на бетонските фундаменти. Централниот прстен кој го дефинира отворот на мембраната, дополнително е обесен со конструктивни челични сајли кои се затегнати на објектите.

Дизајнот и изведбата на мембранската конструкција од страна на долгогодиштен партнер на Мембранинг  –  Artech, Р. Србија уште еднаш ги потврдува можностите на мембранските конструкции во реализацијата на нови форми и дизајни како дел од современата архитектура.