
МЕМБРАНА – “AIRPORT CITY”, БЕЛГРАД, 2017
Павилјонската мембрана која е позиционирана комплексот “Airport City” дефинира еден отворен простор помеѓу објектите. Централно на мембраната има отвор кој се наоѓа над постоечката фонтана.
Брановидната форма, е дизајнирана како модифициран модел на мембрана со високи и ниски точки која е дeфинирана со челичните кружни решетки и челичните затеги-сајли кои заедно го создаваат еквилибриумот на сили на ослонувањата на мембраната и со тоа го дефинираат просторниот модел на мембранската конструкција. Високите точки се фиксирани на објектите, додека ниските плочки се фиксирани на бетонските фундаменти. Централниот прстен кој го дефинира отворот на мембраната, дополнително е обесен со конструктивни челични сајли кои се затегнати на објектите.
Дизајнот и изведбата на мембранската конструкција од страна на долгогодиштен партнер на Мембранинг – Artech, Р. Србија уште еднаш ги потврдува можностите на мембранските конструкции во реализацијата на нови форми и дизајни како дел од современата архитектура.
Проектант и Изведувач: Artech, Р. Србија, 2017 година
Локација: Комплекс “Airport City”, Београд, Р. Србија
Функција на објектот: Павилјонски објект
Степен на затвореност: Отворена конструкција
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 100 луѓе
Материјал: Мембрана
Тип : Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2
Покриена површина (м2): 200м2
Тип на основна форма: Модифицирана “Hypar” форма –мембрана со високи и ниски точки дефинирана со просторни челични решетки и сајли.