МЕМБРАНА – “HYPAR” NT PARK, БЕЛГРАД

Павилјонската мембрана која е позиционирана во Научно технолошкиот парк во Београд дополнително го дефинира амфитеатралниот простор пред самиот музеј кој се користи за настани, концерти, промоции, презентации и сл.

 

Формата “HYPAR”, е дизајнирана како модел на мембрана со високи и ниски точки која е дифинирана со челичните столбови и челичните затеги-сајли кои се фиксирани на бетонски фундаменти и кои заедно го создаваат еквилибриумот на сили на ослонувањата на мембраната и со тоа го дефинираат просторниот модел на мембранската конструкција.

 

Дизајнот и изведбата на мембранската конструкција од страна на долгогодиштен партнер на Мембранинг  –  Artech, Р. Србија уште еднаш ги потврдува можностите на мембранските конструкции во реализацијата на нови форми и дизајни како дел од современата архитектура.