МЕМБРАНА, GLASS HALL, СТРУМИЦА
Дизајн на тројна конусна мембранска конструкција со три носечки столба.
Архитектурата на мембранската конструкција, како дел од мултифункционалниот комплекс, e конципирана како лесна мембранска конструкција со само три столба се покрива површина од 912м2, со што се добива максимална искористеност и функционалност на просторот.
Висината на ободната конструкција е поставена на 4.0м, со што дополнително се потенцира отвореноста на објектот, транспарентноста и зголемената светлина на целиот функционален простор.
Конструкцијата на тројната конусна мембранска конструкција се состои од три централни столбови , со висина 16,15м,15м, претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која е фиксирана за армиранобетонската рамовска конструкција. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција.
Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на тројната конусна мембранска конструкција од 912м2, уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.
Локација: Струмица, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 500 луѓе
Година на изведба: 2020 година
Покриена површина (м2): 912м2
Должина (м): 30,4м
Ширина (м): 30,4м
Максимална висина(м): 16,00м
Тип на основна форма: Тројна Конусна форма (Three conical form)
Материјал: Мембрана
Тип : Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2