Ресторан Европа Гарден

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

 
Тимот на Мембранинг, ја изработи мебранската конструкција на ресторанот “Eвропа Гарден” во Гостивар и со архитектурата на двојната конусната форма успеа да обезбеди заштита од надворешни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV  зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.

Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки врз кои е прицврстена мембраната и истата е истотака фиксирана по контурите на ресторанот, за просторните челични решетки кои се ослонуваат на бетонските периферни столбови. Темелната конструкција се состои од централни темели самци и ободен лентовиден темел.

Тимот на Мембранинг со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот Европа Гарден во Гостивар, уште еднаш ги презентираше можностите на мембранските конструкции.