Ресторан Јафа

Мембранската конструкција со својата форма спаѓа во единечни конусни форми. Со архитектурата на конусната форма се обезбедува заштита од надворечни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV  зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.
Просторниот конструктивен модел се состои од централен решеткаст челичен столб, на три страни со периферни крути столбови урамнотежени со рамнински челични решетки по надворешната контура на мембранската конструкција и на една страна фиксирана за бетонската конструкција од тврдиот објект. Темелната конструкција се состои од темели самци за централните столбови и лентовиден темел за периферните столбови.
Тимот на Мембранинг со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот “Јафа” во општина Бутел уште еднаш ги потенцираше можностите на овој тип на конструкции.