РЕСТОРАН ОБЛАЧЕ
Мембранската конструкција со својата форма спаѓа во единечни конусни форми. Со архитектурата на конусната форма се обезбедува заштита од надворешни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.
Просторниот конструктивен модел се состои од централен решеткаст челичен столб, на три страни со рамнински решетки и решеткасти столбови и на една страна фиксирана за бетонската конструкција од тврдиот објект. Темелната конструкција се состои од темели самци за централните столбови и ободен лентовиден темел за периферните столбови.
Тимот на Мембранинг со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот Облаче во Крива Паланка уште еднаш ги потенцираше можностите на овој тип на конструкции.
Локација: Крива Паланка, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 200-250 луѓе
Година на изведба: 2017 година
Покриена површина (м2): 400м2
Должина (м): 21.25м
Ширина (м): 20.25м
Максимална висина(м): 14м
Тип на основна форма: Конусна форма(Conical form), 1 конус
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2