Ресторан Кораби
КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Мембранската конструкција со својата форма спаѓа во единечни конусни форми. Со архитектурата на конусната форма се обезбедува заштита од надворечни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.
Просторниот конструктивен модел се состои од централен решеткаст челичен столб, на три страни со периферни столбови урамнотежени со челични кабли-затеги и на една страна фиксирана за бетонската конструкција од тврдиот објект. Темелната конструкција се состои од темели самци за столбовите и одделно за секој кабел како контратовар на силите од периферните столбови.
Тимот на Мембранинг со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот Кораби во општина Сарај уште еднаш ги потенцираше можностите на овој тип на конструкции.
Локација: Скопје, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 300 луѓе
Година на изведба: 2015 година
Покриена површина (м2): 620м2
Должина (м): 28м
Ширина (м): 23м
Максимална висина(м): 14,3м
Тип на основна форма: Конусна форма(Conical form), 1 конус
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2