Ресторан, Врањска Бања

Тимот на Artech,Србија и Мембранинг,Р.С.Македонија ја изработи мебранската конструкција на ресторанот во Врањска Бања, Р.Србија и со архитектурата на двојната конусната форма успеа да обезбеди заштита од надворешни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV  зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.

 

Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки врз кои е прицврстена мембраната и истата е истотака фиксирана по контурите на ресторанот, за просторните челични решетки и столбови кои се фиксирани на темелната бетонска конструкција. Дијзанот на капите на мембранската конструкција е изработен од тенки челични лимови.

 

Тимот на Artech,Србија и Мембранинг,Р.С.Македонија со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот во Врањска Бања, Р. Србија,  уште еднаш ги презентираше можностите на мембранските конструкции.