Вила Касијана
Тимот на Мембранинг – Македонија ја изработи мебранската конструкција на ресторанот во Вила Касијана и со архитектурата на двојната конусната форма успеа да обезбеди заштита од надворешни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.
Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки врз кои е прицврстена мембраната и истата е истотака фиксирана по контурите на ресторанот, за просторните челични решетки и столбови кои се фиксирани на темелната бетонска конструкција. Дијзанот на капите на мембранската конструкција е изработен од тенки челични лимови.
Локација: Скопје, Р. С.Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 300-350 луѓе
Година на изведба: 2023 година
Покриена површина (м2): 670м2
Должина (м): 20м
Ширина (м): 30м
Максимална висина(м): 13м
Тип на основна форма: Конусна форма(Conical form), 2 конуси
Покриена површина (м2): 912м2
Должина (м): 30,4м
Ширина (м): 30,4м
Максимална висина(м): 16,00м
Тип на основна форма: Тројна Конусна форма (Three conical form)