Ресторан Ваго

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Тимот на Мембранинг, изработи нова модификација на двојна конусна мембранска конструкција на летниот ресторан “Ваго” во Штип. Со архитектурата на двојната конусната форма се обезбедува заштита од надворечни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV  зрачење, а овозможена е и природна вентилација со покривната капа што значи дека целосно е обезбедена функцијата на објектот за експлоатацијата.

Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки кои заедно со периферните челични столбови,урамнотежени со челичните кабли-затеги, на две страни и фиксирањето на мембраната на постоечките објекти на останатите контури ја оформуваат конусната форма на мембранската конструкција.

Тимот на Мембранинг со целосниот проект за кровната мембранска конструкција за ресторанот Ваго во Штип, уште еднаш ги презентираше можностите на мембранските конструкции.