Ресторан Амазона

Новата архитектура на мембранската конструкција со симетрично конусна форма е целосно вклопена во зелениот партер на комплексот на Хотелот Амазона во Приштина.
Основата е кружна површина, која целосно е покриена со мембранската конструкција и во исто време е одделена од тврдиот објект.

Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки кои заедно со периферните челични столбови, урамнотежени со челичните кабли-затеги, ја оформуваат конусната форма на мембранската конструкција.

Тимот на Мембранинг во целина ги следеше барањата на инвеститорот и со тоа целосно ја комплетираше првата мембранска конструкција во Косово