'BOULDER' ВЕШТАЧКА КАРПА

  • Име на проект: БОЛДЕР – ИЗГРАДБА И ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА СПОРТСКО- РЕКРЕАТИВЕН ОБЈЕКТ ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ НА КАРПИ, ‘BOULDER’ ВЕШТАЧКА КАРПА ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ НА КАРПИ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ТРИБИНА ЗА ДЕТСКИ И МЛАДИНСКИ КУЛТУРНО- УМЕТНИЧКИ ДЕЈНОСТИ
  • Информација: Конструктивниот просторен модел на болдерот, целосно е во функција на архитектурата на болдерот и се состои од главни челични вертикални рамки во форма на трапез и правоаголник кои се поврзани со подолжни хоризонтални и вертикални косници и спрегови. Скалишниот простор на трибината прави дополнително подолжно укрутување на просторниот модел. Покривниот и фасаден лим и внатрешната дрвени воодотпорни даски се фиксираат за секундарната конструкција, а додека на ѕидот за качување на секундарната конструкција местимично се предвидени винкли врз кои се штрафат таблите за качување на алпинистите.
  • Површина: 20 m2
  • Висина на објектот:5m
  • Година на проектот: 2022
  • Тип на проект: Основен проект
  • Локација: Градски Парк, Битола