Центробизнис Палас
КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Тимот на Мембранинг ја изведе првата двојна конусна мембранска конструкција со два носечки столба во Куманово со нова технологија на мембрана.
Архитектурата на мембранската конструкција, за ресторанот на мултифункционалниот комплекс ” Центробизнис Палас”, e конципирана како лесна мембранска конструкција, со само два столба се покрива површина од 640м2, со што се добива максимална искористеност и функционалност на просторот. Конструкцијата на двојната конусна мембранска конструкција се состои од два централни столбови кои претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која се ослонува на рамнински челични столбови. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција. Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на мембранската конструкција на ресторанот ” Центробизнис Палас”, ja изведи првата двојна конусна мембранска конструкција во Куманово од 640м2, со нов тип на технологијата на мембрана со што уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции.
Локација: Kуманово, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 300-350 луѓе
Година на изведба: 2019 година
Покриена површина (м2): 640m2
Максимална висина(м): 15.00м
Тип на основна форма: Двојна Конусна форма (Double conical form)
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2