Мембрана Стаклена зграда
Постоечката мембранска к-ја на локацијата на платото на Стаклената зграда во Битола беше монтирана во 90те години и истата претставуваше павиљонско решение со 4 конуси со ободна кабловска конструкција со високи и ниски точки.
Проектирањето на новопроектирана мембранска конструкција претставуваше предизвик да се испроектира архитектонтско решение кое ќе биде препознатливо со ободната крива која ќе ја потенцира страничната контура на мембранската к-ја и брановидната форма на двојната конусна мембрана.
Ободната конструкција е подигната на ниво 2.25м од нултото ниво и со тоа е добиена маскимална транспарентност према плоштадот “Магнолија”. Постигната е и максимална искористеност и функционалност на просторот , но и во исто време е исполнета проектната задача мембранската конструкција да биде во функција на објекот Трговски центар “Стаклена Зграда”.
Локација: Битола, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 100 луѓе
Година на изведба: 2019 година
Материјал: Мембрана
Тип : Sattler
Тип на мембрана: Тип 3, Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 1200 гр/м2
Покриена површина (м2): 150м2
Должина (м): 10м
Ширина (м): 13м
Максимална висина(м): 6,10м
Тип на основна форма: Двојна Конусна форма (Double conical form)