СПОРТСКИ БАЛОНИ

Балонските конструкции се користат за покривање на спортски терени за фудбал, тенис, кошарка, ракомет и др. Постојат два типа на балонски конструкции, балони со конструкција и пенуматски хали. Балоните со конструкција се карактеристични по главните лачни челични или дрвени рамки кои го покриваат попречниот распон, а во подолжен правец се укрутени со подолжна конструкција (греди, рожници, спрегови). Мембраната, која се користи како покривен материјал, се затега на челичната конструкција и со тоа се дефинира надворешната лачна форма на балоните. Постојат опции на бочно отварање, како и греење, осветлување и останати пропратни позиции на балонот. Пнеуматските хали се изведуваат без конструкција и се одржуваат со посебен систем кој ја одржува формата и мембраната под притисок. Кај овие мембрани се изведуваат и двојни мембрани за дополнителна изолација на халата и постои посебен систем за греење кој постојано ја одржува корисната температура во халата.

Сакате да разговараме за детали

Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.