ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

Дизајн, проектирање и изведба на фотонапонски централи

Мембранинг како компанија ги нуди целосно сите услуги за фотонапонски централи, кои го опфаќаат целиот процес од идеја до реализација, како Урбанистички проект, Идеен Проект, Основен Проект, Изведба, Надзорен Орган и апликација за приклучување на централата во постоечката дистрибутивна мрежа.

Изградбата на фотонапонски (PV) централи стратешки се битни од економски и од еколошки аспект. Економски, претставува финансиски оправдана инвестиција на долгорочен план, а од еколошки аспект се добива на годишно ниво стабилен извор на енергија и одржливост на домаќинствата и постоечките производства на компаниите.

Инвестирањето на фотонапонски централи го стимулираат економскиот раст и се делат на две групи на инвестиции, во првата група спаѓаат малите и средните компании кои на годишно ниво имаат намалени трошоци и оптимални заштеди за енергија, како и за големите компании кои ја користат инсталираната централа исто така за свои потреби и имаат големи заштеди на струја на постоечките производствота. Втората група на инвеститори се инвеститорите кои производството на енергија го продаваат.

Инвестициите за фотонапонски централи се повратни за неколку години во зависност од капацитетот и географската местоположба, една од предностите на овие инвестиции е тоа што немаат големи трошоци за одржувањето на централите  во експлоатација.

Сакате да разговараме за детали

Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.