Краток опис на проектот
Тимот на Мембранинг го изработи уникатниот дизајн и ја изведе првата тројна конусна мембранска конструкција со три носечки столба во Македонија.
Архитектурата на мембранската конструкција, за ресторанот на мултифункционалниот комплекс “Atva Residence Hotel”, e конципирана како лесна мембранска конструкција со само три столба се покрива површина од 864 м2, со што се добива максимална искористеност и функционалност на просторот.
Конструкцијата на тројната конусна мембранска конструкција се состои од три централни столбови кои претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која е фиксирана за армиранобетонската рамова конструкција. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција.
Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на мембранската конструкција на ресторанот “Atva Residence Hotel” ja изведи првата тројна конусна мембранска конструкција во Македонија од 864 м2, со што уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.