КОНКУРСИ

Тимот на Мембрнаинг учестуваше на отворениот конкурс “Летна отворена сцена” на една од локациите во градскиот парк во Скопје.

КОНКУРС НА ГРАД СКОПЈЕ - “ЛЕТНА ОТВОРЕНА СЦЕНА”

Површина во Градски Парк, која се наоѓа спроти Сточарски институт.

Генерално инфо

Автори: Тимот на Мембранинг Ана Здравковска, Александар Јовановски, Андреја Ѓурески во соработка со Христијан Ивановски

Година на проектирање: 2020

Локација: Општина Центар, Скопје

Површина: 5 000 m2                                   

Архитектура

Локацијата се наоѓа во вториот дел на паркот спроти Сточарски институт, на тревната површина од околу 5000м2 пред езерцето. Поради не постоење на никаква содржина во овој дел од паркот, сметавме дека со поставување на летна отворена сцена, токму на ова место, би го збогатиле овој дел од паркот. Самата локација изобилува со високо зеленило по рабовите, кое во целост се задржува. Придобивка на локацијата е нејзината пристапност и со автомобил. Имено од нејзината задна страна се наоѓа постоечки паркинг за автомобили. Со пешачки патеки е поврзана со сите делови на паркот, што ја прави локацијата лесно пристапна и особено атрактивна.

Постоечката горна пристапната патека се наоѓа на висина од 1,5-2м од нивото на скоро рамната тревна површина. Оваа денивелација се искористи за да се постави артифициелна “трибина” со благ пад која би имала визура кон летната сцената во средина и езерото. Површина е поделена на две зони со V патека, која води до самото езерце и завршува во видиковец. На тој начин тревната површина се дели на трибина, ина зона за уживање со т.н. падинки – тревни меки кревети кои дополнително ја збогатуваат локацијата.

 

Павилјон – Мембранска конструкција Лист

Летната сцена е поставена во средина, свртена кон трибината. Самата бина е со радиус 8,0м и е всушност армирано бетонска плоча која е подигната за 15см од  нивото на земјата. Бината на летната сцена е покриена со мембранска конструкција “Лист” со димензии ширина 12,0м, должина 15,0м, висина 6,0м, истата се состои од покривачки материјал – мембрана и челична конструкција.

Формата на мембранската конструкција има изглед на “превртен бел лист кој само што не ја допрел земјата”.

Мембранската конструкција се карактеризира:

  • Големи распони – без носечки елементи – столбови
  • Мембраната е носечко платнона статичките влијанија, согласно изработен основен проект–снег(75кг/м2), ветер(120км/h)
  • Заштита од сите надворешни влијанија – сонце, дожд, ветер
  • Термички карактеристики од -30̊C до + 70 ̊C
  • UV отпорен
  • 100% водоотпорно
  • Polyester fabric, двојнопокривање со PVC and PVDF завршен премаз
  • Сите карактеристики на мембраната – (абсорпција, рефлексија, трансмисија на светло, носечки к-ки, се потврдени со сертификат од производителот)
  • Трајност на Мембрански конструкции / 40-50 години

Носечката челична конструкција се состои од двојно закривени челични лаци, кои конзолно ја носат целосната мембранска конструкција,  и ја дефинираат контурата на формата “Лист”, и истата е дополнително стабилизирана со челични сајли. Двојно закривените челични лаци се поставени на два армирано бетонски темели.

Земајќи го во предвид можностите на мембранските конструкции кои се класифицирани во светската архитектура како “light-weight structures”  – конструкции кои се лесни и кои покриваат големи распони без никакви потпори, се направи избор на типот на покривач – мембрана и главната конструкција да биде мембранска конструкција, за да може  целосно да се реализира целосната архитектонска естетика која вклучува лесна настрешница, атрактивна форма и функционалност. Особено во вечерните часови кога ви се вклучило осветлувањето и светлината би се рефлектиралана мембраната. Мембранската конструкција нуди дополнителна можност на проектирање на различни видео/филмови на самото платно-мембрана за време на концертите и настапите на електронските артисти на бината.

Осветлување

Осветлувањето на самата локација е решено со поставување на високи канделабри по работ на постоечката горна пристапна патека. Во самата трибина ќе бидат вметнати подни ламби кои би ја назначувале патеката и ненаметливо осветлувале просторот. Линиско осветлување е предвидено под самата бина, како би се создало ефект на лебдење. На самите падинки од едната страна е предвидено “засекување” со клупи под која би се поставило линиско осветлување за да се создаде истиот ефект на лебдење.

Материјали

Од материјалите кои би се користеле во изработка на патеката се павер коцки во форма петоаголник, и не би имала јасна граница меѓу патеката и тревната површина, туку тие би“исчезнувале кон работ”. Артифициелната трибина е комбинација од коса тревна површина со благ пад и камена плоча со дебелина од 5см која е “легната” на самата површина и би се користела за седење. На тој начин се добиваат нагласени изохипси кои ја дефинираат трибината. На постоечката горна патека би ја замениле старата испукана подлога со нов асфалт.

Видиковецот кој лебди над езерцето е направен од дрвена подонструкција и обложен со бакарен лим. Истиот бакарен лим би се користел за обложување на работ на бината.

Урбана опрема

Од урбана опрема која би се поставила на локацијата се држачи за велосипеди и тротинети од страна на пристапната горна патека со што би се формирано паркинг простор за истите. Корпи за отпадоци се предвидени на почеток на помошните патеки и на крајот пред видиковецот.

Сакате да разговараме за детали

Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.