ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ
Индустриските објекти играат клучна улога во обликувањето на современиот свет, тие се како столб на економиите и поттикнуваат технолошки напредок и економски раст.
Распоредот и организацијата на објектот зависат од тоа каков тип на индустрија и барањата за типот на производството,тоа може да се разновидни низи на објекти кои служат за различни цели во различни сектори. Изборот на соодветна локација е од големо значење за индустриски капацитет. Близината до суровините, транспортните се значајни фактори при изборот на локација.
Зградите во индустриски капацитет може да вклучуваат производствени погони, магацини, канцеларии, лаборатории и капацитети за одржување, опремени со различни технологии и опрема за нивни производни процеси.
Како архитекти и инженери кои сме вклучени во големи индустриски градежни проекти и нивниот дизајн имаме за задача да ги исполниме барањата на клиентот во функционален и естетски дизајн, придржувајќи се до регулаторните стандарди и координирајќи се со различни професионалци во текот на процесот на градење. Започнувајќи со цртање на скици, технички цртежи, проектирање и планирање, изработка на концептуален дизајн и подготвување на 3D визуелизација, избор на материјали и реализација на проектот, кој беспрекорно ќе се усогласува со желбите и барањата на клиентот.
Сакате да разговараме за детали
Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.