FISH РЕСТОРАН
Рибниот ресторан “Fish” со својата аголна летна тераса нуди можност за играње со форма на повеќе типови натстрешници. После краткиот research во креирање на формата за мембранската конструкција, нашиот тим го дизајнираше ова решение на мембрана што наликува на споени модули од формата на рибата “Скалар”. Оваа “Hypar” форма се повторува во различни модули, како “брановидна” форма, од двете засебни страни, која се спојува во аголот кајшто е позициониран влезот на терасата. Висинската точка на влезот е поголема со што е нагласена влезната партија.
Инспирирани од “Формата ја следи функцијата” и обратно, тимот на “Мембранинг” се потруди да го изработи уникатниот дизајн на кровната мембранска конструкција за летната тераса на рибниот ресторан “Fish”.
Локација: Скопје, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Кровна покривна конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 100-150 луѓе
Покриена површина (м2): 200м2
Должина (м): 40.0м
Ширина (м): 5.0м
Максимална висина(м): 4.0м
Тип на основна форма: Брановидна “Hypar” форма
Материјал: Мембрана
Тип : Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2