ПОСТРОЈКИ ЗА БИОГАС

Опремата сочинува 70-80% од индустриската постројка за биогас. Главниот дел од опремата се затворените резервоари каде што се одвива ферментацијата, кои се поврзани со резервоарите за складирање на биогас. Овие резервоари можат да бидат метални, покриени со ПВЦ мембрана или целосно изработени од ПВЦ.

Од овие резервоари биогасот се дистрибуира до постројките за производство на електрична и топлинска енергија, а понатаму до крајните корисници. Целиот систем е компјутерски контролиран.

Во оваа област, обезбедуваме услуги за планирање, проектирање и изградба на постројки за биогас и нивните делови.

Биогас

Биогасот е единствениот обновлив извор на енергија кој е погоден за производство на електрична енергија, топлинска енергија, гас и течни горива. Биогасот се состои од метан (55-80%) и јаглерод диоксид (20-45%) и не е штетен за животната средина.

Биогасот се добива преку процесот на анаеробна ферментација (без присуство на кислород) на обновливите суровини (пченка, житарки, трева), органски отпад од прехранбената индустрија и ѓубрива. Не предизвикува дополнителни емисии на јаглерод диоксид и ја намалува количината на органски отпад.

Сакате да разговараме за детали

Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.