Atva Residence Hotel
Тимот на Мембранинг го изработи првиот дизајн и изведба на тројна конусна мембранска конструкција во Република Македонија.
Архитектурата на мембранската конструкција, како дел од мултифункционалниот комплекс “АTVA RESIDENCE HOTEL”, e конципирана како лесна мембранска конструкција со само три столба се покрива површина од 864м2, со што се добива максимална искористеност и функционалност на просторот.
Висината на ободната конструкција е поставена на 3.0м, со што дополнително се потенцира отвореноста на објектот, транспарентноста и зголемената светлина на целиот функционален простор.
Конструкцијата на тројната конусна мембранска конструкција се состои од три централни столбови , со висина 15,14м,13м, претставуваат просторни челични решетки и периферна ободна челична носечка греда која е фиксирана за армиранобетонската рамовска конструкција. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите краеви на мембранската конструкција.
Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на првата тројна конусна мембранска конструкција од 864м2, уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот.
Локација: Кичево, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Целосно покриена конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 500 луѓе
Година на изведба: 2018 година
Покриена површина (м2): 864m2
Должина (м): 30.00м
Ширина (м): 28.80м
Максимална висина(м): 16.00м
Тип на основна форма: Тројна Конусна форма (Three conical form)
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2