АРХЕОЛОШКИ ОБЈЕКТИ

Мембранските конструкции наоѓаат широка примена и на археолошките локалитети. Овие локалитети се карактеристични со тоа што треба да се заштитат од надворешни влијанија како сонце, дожд, снег, мраз и во исто време услов за истите е бетонските фундаменти на конструкцијата да бидат надвор од границите на локалитетот.

Лачните конструкции, кои можат да бидат челични решеткасти носачи или дрвени ламерирани носачи се најпогодни за премостување на распонот на археолошките локалитети. Мембраната, како покривен материјал, се затегнува на главната конструкција и со тоа се дефинира лачната форма и целосно се затвора и заштитува објектот од надворешни влијанија.

          Тимот на Artech Р. Србија го изработи дизајнот и изведбата на мебранската конструкција на археолошкиот локалитет Медијана, со површина од 10000м2, која се наоѓа во источното предградие на градот Ниш, Р. Србија. Со изборот на лачната форма на конструкцијата се овозможи премостување на архолошкиот локалитет и се обезбеди целосна заштита на истиот од надворешни влијанија, сонце, ветер, снег, заштита од UV  зрачење.

Медијана Ниш, Србија

Сакате да разговараме за детали

Можноста да одржиме состанок или краток разговор ќе ни помогне подетално да ги утврдиме потребите и барањата и да дадеме соодветно решение и идеа. Затоа ве охрабруваме да не побарате и да се договориме.