РЕСТОРАН КАЈ ПЕРО
Идејното решение на мембранската конструкција за ресторанот “Кај Перо” се базира на покривањето на малата површина од 48м2 и постигнувањето на целосна функционалност во внатрешниот дел на летната тераса.
Конструкцијата е базирана на еден централен столб и странични крути столбови кои ја оформуваат конусната форма на покривната мембрана.
Предизвикот за тимот на Мембранинг беше уште поголем да се изработи “mini conical” мембрана и во исто време да ги задоволи функционалните и естетските барања на инвеститорот.
Локација: Скопје, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Кровна покривна конструкција.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 40 луѓе
Покриена површина (м2): 48м2
Должина (м): 8м
Ширина (м): 6м
Максимална висина(м): 5м
Тип на основна форма: Конусна форма(Conical form), 1 конус
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2