Приватна Куќа – Матка
Современата архитектура на Приватната куќа – Матка, сама по себе им зададе задача на тимот на Мембранинг да изработи решение за покривање на дворниот простор и базенот, кое целосно ќе биде вклопено во целокупниот дизајн на објектот. Брановидната форма на Мембранска конструкција, која е базирана на принцип на hypar – форми(спуштање на високи и ниски точки до нулто ниво) ги заштитува надворешните простори за настани и базенот од надворешни влијанија, но во исто време овозможува целосна транспарентност на просторот и слободно движење на луѓето.
Просторниот конструктивен систем се состои од челични закосени столбови и челични кабли на кои е затегната мембраната.
Дизајнот на мембранската конструкција на отворениот простор на Приватната куќа – Матка уште еднаш ги потврдува отворените можности на мембранските конструкции.
Локација: Скопје, Македонија
Функција на објектот: Угостителски објект
Степен на затвореност: Кровна конструкција – павиљонски покриени површини.
Климатска зона: Студени зими и жешки лета
Заштита од временски влијанија: сонце, дожд, снег и ветер
Kaпацитет: 500-100 луѓе
Покриена површина (м2): 300м2
Должина (м): 10м (3 Павиљони)
Ширина (м): 10м (3 Павиљони)
Максимална висина(м): 6м
Тип на основна форма: “Hypar” форма, високи и ниски точки до нулто ниво.
Материјал: Мембрана
Тип: Sattler
Тип на мембрана: Polyester fabric, двојнопокривање со PVC и PVDF завршен премаз
Тежина(гр/м2): 900 гр/м2