Клуб Калипсо

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Клуб “Калипсо” локациски се наоѓа на 3км од градот Прилеп, непосредно после с.Габрово.

Тимот на Мембранинг го изработи целосниот архитектонтски проект кој ги вклучува следните содржини: мембранска конструкција со двојна конусна форма, мембранска конструкција со “Hypar” брановидна форма, влезна партија, базен, шанкови, кујна, детско игралиште, VIP паркинг, паркинг за гости, магацини, тоалети.

Главниот подиум на Клуб “Калипсо” е со површина од 900м2 и истиот е покриен со мембранска конструкција. Помеѓу двојната конусна мембрана и “Hypar” брановидната форма е поставена главната бина за музичките настани. “Hypar” брановидната форма со површина од 200м2 e поставена околу базенот како простор каде публиката ќе може да се релаксира. Шанковите се поставени, така што ги послужуваат и главниот подиум и простор непосредно до базенот. Дополнителното плато кое се наоѓа помеѓу главната бина и WC-њата на објектот е предвидено да се користи за поголеми музички настани.
Детското игралиште е предвидено да се користи како дополнителна содржина на дневната програма на базенот во Клуб “Калипсо”.

Конструкцијата на просторниот модел се состои од два централни столбови, просторни челични решетки кои заедно со периферните челични столбови,урамнотежени со челичните кабли-затеги, ја оформуваат конусната форма на конусната мембранска конструкција. “Hypar” брановидната форма се состои од високи и ниски челични столбови кои се стабилизирани со челични кабли – затеги и помеѓу кои е затегната мембраната со што се добива комплетниот просторен модел.

Тимот на Мембранинг со целосниот проект за Клуб “Калипсо” во Прилеп за прв пат ги презентираше можностите на спојување на различни типови на мембрански форми и со изведбата на овој проект во иднина, дефинитивно Клуб “Калипсо” ќе завземе значајно место во поновата македонска архитектура.