Краток опис на проектот
Современата архитектура на Приватната куќа – Матка, сама по себе им зададе задача на тимот на Мембранинг да изработи решение за покривање на дворниот простор и базенот, кое целосно ќе биде вклопено во целокупниот дизајн на објектот. Брановидната форма на Мембранска конструкција, која е базирана на принцип на hypar – форми(спуштање на високи и ниски точки до нулто ниво) ги заштитува надворешните простори за настани и базенот од надворешни влијанија, но во исто време овозможува целосна транспарентност на просторот и слободно движење на луѓето.
Просторниот конструктивен систем се состои од челични закосени столбови и челични кабли на кои е затегната мембраната.
Дизајнот на мембранската конструкција на отворениот простор на Приватната куќа – Матка уште еднаш ги потврдува отворените можности на мембранските конструкции.