Краток опис на проектот
Тимот на Мембранинг го изработи уникатниот дизајн и ја изведе кровната конусовидна мембрана со три столба за летната тераса на ресторанот “Латана”.
Архитектурата на комплексот на ресторанот “Латана” e конципирана во исто време независно да се случуваат мали и големи настани во двете мембрански конструкции.
Конструкцијата на двојната мембранска конструкција се состои од два централни столбови кои претставуваат просторни челични решетки и периферни решеткасти челични столбови кои се урамнотежени во подолжен правец со просторни решеткасти греди. Централните столбови се урамнотежени со челични кабли-затеги помеѓу самите столбови и на сите четрии краеви на мембранската конструкција.
Конструкцијата на единечната конусна мембранска конструкција е испроектирана и изведена на истиот начин како двојната мембранска конструкција.
Тимот на Мембранинг со проектирањето и изведбата на мембранската конструкција на ресторанот “Латана” ja изведи најголемата мембранска конструкција во Македонија од 1250м2, со што уште еднаш ги потврди можностите на мембранските конструкции како дел од современата архитектура во светот