Membraning | За Мембранинг
266
page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-266,cookies-not-set,qode-news-1.0.2,qode-quick-links-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,vertical_menu_enabled,qode-title-hidden,qode_grid_1300,side_area_uncovered_from_content,qode-theme-ver-13.0,qode-theme-bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.4,vc_responsive

За Мембранинг

Андреја Ѓурески и Александар Јовановски ја водат Мембранинг, која се занимава со проектирање и изведба на мембранските конструкции, како прва и единствена компанија во Македонија.

Инспирирани од „формата ја следи функцијата“ и обратно, стручниот тим на Мембранинг посветува особено внимание на дизајнот и на формата на конструкцијата за да се добие архитектура со отворен концепт на можности во однос на материјалите, дизајнот, функционалност и естетиката.

Во историјата на светската архитектура мембраните, со своите основни форми, како „saddle shape/hypar“, „wave form”, „conical”, „pneumatics“, заземаат посебно место. Мембранските конструкции овозможуваат покривање големи површини, кои во исто време се ослонуваат на минимален број носечки крути елементи, обезбедуваат повеќе нивоа на природна светлина, целокупна заштита од надворешни влијанија и со тоа претставуваат идеално решение за покривање простор кој може да има комерцијална или приватна намена.

Мембранските конструкции дизајнирани и изградени од тимот на Мембранинг, веќе го заземаат новото место во современата архитектура во Македонија.

Главната дејност на Мембранинг е изработка на идејно решение, идеен проект, изведбен проект и комплетна изведба на покривните мембрански конструкции.

МЕМБРАНСКИ КОНСТРУКЦИИ0%

ПРОЕКТИРАЊЕ НА КОНСТРУКЦИИ0%

НАДЗОР НА КОНСТРУКЦИИ0%

Тимот на Мембранинг извршува повеќе дејности во архитектурата и конструктерството, во кој спаѓаат проектирање, изведба и надзор на сите типови на конструкции: мембрански конструкции, челични, бетонски, дрвени конструкции.

  • Мембранска конструкција “Латана”- Скопје – 2017година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Облаче”- Крива Паланка – 2017година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Koмплекс Јафа Промет”- Скопје, 2017година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Европа Гарден”- Гостивар 2016година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Ваго”- Штип – 2016година, Проектирање и Изведба

  • Мембранска конструкција “Ресторан Амазона”- Косово – 2015година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Кораби”- Скопје – 2015година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Гламур”- Скопје – 2015година, Проектирање и Изведба
  • Мембранска конструкција “Ресторан Везилка”- Скопје – 2014година, Проектирање и Изведба

АНДРЕЈА ЃУРЕСКИ

M.ENG. ARCHINEER @ IMS INSTITUTE, DESSAU, GERMANY
МОБ / ++38976724188
andreja@membraning.com

Квалификација: Проект менаџер, проектант, инжењер за изведба, надзор.
Компјутерско познавање: Microsoft Office, Plaxis, GGU Stability, RADIMPEX, v 6,0, Procon, Sapp 2000 v.8.0, Forteen.
Главни квалификации: Статичка и динамичка анализа на мембрански конструкции, бетонски и челични конструкции, димензионирање, арматурни планови, работилничка документација, геотехничко проектирање, стабилност на косини.
Јазици: Англиски, Германски
Работно искуство:
Март 2004 – Мај 2007 / GEING, Krebs und Kiefer, Скопје / Геотехничко проектирање, проектирање на бетонски и челични конструкции, димензионирање
Јуни 2007 – Април 2008 / ГИМ ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ НА МАКЕДОНИЈА, Скопје / Геотехничко проектирање, санација на бетонски мостови, проектирање на потпорни конструкции
Април 2008 – Октомври 2010 / IGH D.O.O. Albania (Institute of civil engineering, Zagreb Croatia ) / Локација: Тирана/ Кукс / Решен / Одговорен инженер за геотехнички проблеми, бетонски мостови и ѕидови, еластични потпорни конструкции, квалитет на вградени материјали
Март 2011 – Март 2013 / GEOMAP DESIGN doo Skopje / Одговорен проектант за бетонски конструкции, геотехнички конструкции
Јули 2011 – Септември 2012 / EGIS INTERNATIONAL / Локација: Приштина / Одговорен инженер за геотехнички технички решенија, бетонски мостови потпорни конструкции, консултант. Консултантски и проектантски услуги, бетонски и геотехнички (Egis)
Октомври 2013 – Maj 2015 / HRISTOVI INZENERING доо.Скопје / Одговорен проектант за бетонски конструкции и челични конструкции на “Маркарт” Фабрика за автомобилска индустрија; Болница “Филип II”;
Октомври 2015 – Мембранинг, Скопје

Квалификација: Проект менаџер, проектант, инжењер за изведба, надзор
Компјутерско познавање: Microsoft Office, RADIMPEX, v 6,0, Forteen, Sapp 2000 v.8.0.
Главни квалификации: Статичка и динамичка анализа на мембрански конструкции, бетонски и челични конструкции, димензионирање, арматурни планови, работилничка документација.
Јазици:  Англиски
Работно искуство:
Фебруари 2008 – Декември 2009 / ДГ Бетон АД Скопје / Одговорен инжењер на изведба на Градски Стадион, Скопје, Северна трибина, Источна трибина, Западна трибина
Јануари 2010 – Декември 2012 / Рико, Љубљана / Одговорен надзорен инжењер на изведба на ХЕЦ Св.Петка, Скопје
Март 2013 – Април 2014 / Христови Инжинеринг, Скопје / Главен надзорен инжењер на изведба на Регионален Пилотски тренинг центар, Скопје
Април 2014 – Октомври 2015 / Христови Инжинеринг, Скопје / Главен надзорен инжењер на изведба на “Маркарт” Фабрика за автомобилска индустрија, Велес
Октомври 2015 – Мембранинг, Скопје

АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ

ДИП. ГРАД. ИНЖЕЊЕР
MASTER STUDENT @ IMS INSTITUTE, DESSAU, GERMANY
МОБ / ++38978696248
aleksandar@membraning.com